ЕУРОВИА донација при организација на Пункт за Масовна ваксинација во Тетово

ЕУРОВИА со во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом Тетово со донација при организација на Пункт за Масовна ваксинација во Тетово

Следејќи ги светските пракси и одлуките на Глобалната светска организација, Министерство за здравство на Република Северна Македонија започна со Вакцинација против КОВИД – 19. Кризата предизвикана од КОВИД Вирусот послужи за дел од приватните компании активно да учествуваат во ангажманите на државните институции и  граѓанските организации пристапувајќи како партнери во пронаоѓање на соодветни решениа за борба против овој Вирус.

ЕУРОВИА како Општествено Одговорна Компанија во соработа со ЈЗУ Здравствен Дом Тетово зачекоривме со иницијатива како Стратешки партнер да и помогнеме на ова Институција при организација на Пункт за Масовна ваксинација во Тетово кој ќе го покрие Полошкиот регион.

Тимот на ЕУРОВИА со Одлука за ДОНАЦИЈА како Помош и соработка со ЈЗУ Здравствен Дом Тетово се задолжи за Изработка на потребниот инвентар и организација на просторот – изработка на кабини, мебел, технологија и означување на просторот. Со ова Донација  ЕУРОВИА  посочи дека чесниот пристап, истрајноста и посветеноста се главните вредности врз кои ги градиме партнерствата.

Врвниот менаџмент на компанијата е оној кој активно ги подржува општествено одговорните активности и ЕУРОВИА е веќе препознаена како таква компанија, па често се случува да учествува во активности за хумантирани цели и да пристапиме за помош.

This website uses cookies and asks your personal data to enhance your browsing experience.