Стопанската Kомора на Република Македонија додели сертификат за извонредност во градежништвото на компанијата „ЕУРОВИА“

Интернет-сертификатот „Excellence SME“ е награда и доказ за одлични деловни активности што Стопанската комора на Македонија во соработка со светски познатата кредитна институција Coface им ги издава на малите и средни претпријатија.

Носителите на овој сертификат покажуваат зголемена сигурност во работењето, позитивен кредитен рејтинг, зголемена доверба и подобри и побрзи деловни одлуки со помал ризик за клиентите и деловните партнери.

Главната цел на издавањето на овој сертификат е да се зголеми транспарентноста на пазарот, да се промовираат успешни компании и безбедни и успешни деловни практики. На овој начин, добитникот на овој сертификат стекнува кредибилитет во работењето.

Ние, како ЕУРОВИА, сме горди на овој сертификат и се надеваме дека со ова ќе направиме уште еден чекор за зајакнување на довербата за нашите партнери, а нашите партнери ќе ја продолжат соработката со нас.

This website uses cookies and asks your personal data to enhance your browsing experience.