Доделени договори за две нови фабрики: Печатарска индустрија и Агро индустрија

Потпишавме два тендери за изградба на нови Индустриски Капацитети

ЕУРОВИА продолжува со изградба на услуги за индустриски капацитети за двајца најголеми клиенти  POLYESTERDAY – Печатница и TOTAL Logistic- Магацински и логистички услуги. Производствените и индустриските капацитети имаат сложени барања за дизајн и конструкција. На клиентот му треба партнер кој ги разбира тие комплексности. Двајцата клиенти бараа градежна компанија која ги поддржува нивните операции, помагајќи да се насочи протокот на материјали и машини, а максимално да се зголеми нивниот продуктивен простор. Ние ја започнавме соработката со силна посветеност за да разбереме најдобро како клиентот сака да го користи својот објект.

Потпишавме договор со POLYESTERDAY – Печатница за нивниот индустриски проект POLY 5 на 05 февруари 2020 година, проектот е во индустриска зона – ВИЗБЕГОВО – Скопје. Проектот вклучува изградба на сала за производство 8800 м2 и 1150 м2 сала за администрација. Се очекува да биде направено за 13 месеци.

TOTAL Logistic инвестира во магацин со вкупна површина од 3300 м2 , лоциран во индустриската зона Илинден. ЕУРОВИА како генерален изведувач потпиша договор за обезбедување на целосни градежни услуги TURNKEY, вклучително и сите фази и предавање на проектот на инвеститорот подготвен за употреба.

This website uses cookies and asks your personal data to enhance your browsing experience.