- 7 December, 2020
- Posted by: adel
- Categories:
ЕУРОВИА ДООЕЛ е една од најголемите приватни компании за градежништво и развој на инфраструктура во Македонија. Портфолиото на ЕУРОВИА е диверзифицирано во развој на индустрии како градежништво и управување со инженерски проекти. Во последните 10 години ЕУРОВИА остави свој белег на домашниот и регионалниот пазар преку развој на стратешки проекти со највисоки меѓународни стандарди и истовремено значително придонесувајќи за развој на економска стабилност на земјата.
Поради зголемување на обемот на работа го распишуваме следниот оглас:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИПРЕМА НА ПОНУДИ
Oд областа на градежништво – 1 извршител
Главни одговорности:
- Го кординира процесот на подготовка на цени за понуда.
- Ревизија и избор на подизведувачи и добавувачи
- Подготовка на планови за добавувачи и набавки
- Имплентација на стратегија за однос со добавувачи (преглед на понуда за набавка, договори за набавка, услови за соработка)
- Преглед на трошоци – набавки, режиски и оперативни
- Кординира набавки
- Припрема на финансиска понуда и техничка понуда
Потребни комуникациски вештини:
- Мора да биде исклучително организиран и детално ориентиран.
- Мора да биде амбициозен и ориентиран кон резултати.
- Мора да има проверливи лични и професионални препораки.
Потребни квалификации:
- ВСС – Високо образование Економски факултет или Технички факултет
- Инженерска позадина во комбинација со комерцијален интерес или комерцијална позадина со солиден интерес за разбирање на техничките аспекти.
- Искуство во водење на преговори за технички проекти
- Работно искуство од најмалку 3 години
- Способност за насочување и координација на тим од инженери
- Вешти во читање на градежни документи.
- Одлични комуникациски вештини, вербални и писмени.
- Организирано и високо дисциплинирано лице во секојдневните оперативни процедури.
- Вешти технолошки вештини: Word, Excel, Adobe и сродни градежни апликации.и на техничките решенија
Што нудиме:
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во земјата;
- Работа од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно;
- Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
- Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место;
Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да ја испратата својата професионална биографија (CV) на: hr@eurovia.mk , со назнака “Специјалист за припрема на понуди“.
Краен рок за доставување на апликациите e 05.12.2020