ОВЛАСТЕН ГЕОДЕТ

Expired on: Oct 7, 2021

ЕУРОВИА ДООЕЛ  е една од најголемите приватни компании за градежништво и развој на инфраструктура во Македонија. Портфолиото на ЕУРОВИА е диверзифицирано во развој на индустрии како што се градежништво и управување со инженерски проекти. Во последните 10 години ЕУРОВИА остави свој белег на домашниот и регионалниот пазар преку развој на стратешки проекти со највисоки меѓународни стандарди и истовремено значително придонесувајќи за развој на економска стабилност на земјата.

Поради зголемување на обем на работа го распишуваме следниот оглас:


ОВЛАСТЕН ГЕОДЕТ

Главни одговорности:

  • Учество во геодетски снимања и обработка на податоците;
  •  Изработува елаборати од областа на геодезијата;
  • Учествува во стручен геодетски надзор;
  • Теренски мерења со геодетски инструменти;
  • Други работни задачи по инструкции на претпоставениот и Менаџерот.

Потребни квалификации:

  • Дипломиран геодетски инженер;
  • Со работно искуство од областа на геодетските работи;
  • Работа и познавање на геодетски инструменти ќе се смета за предност;
  • Поседување на возачка дозвола – Б категорија;
  • Познавање на компјутерски алатки: MS Office, AutoCAD Civil 3D и професионални програми за работа од оваа област.

Што нудиме:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во земјата;
  • Работа од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место.

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да ја испратата својата  професионална биографија (CV) на: hr@eurovia.mk, со назнака Овластен Геодет“.

Краен рок за доставување на апликациите e 07.10.2021

Sorry! This job has expired.