АДЕЛ ХОЛДИНГ

АДЕЛ ХОЛДИНГ е група на компании кои што работат во различни бизнис сфери: градежништво, логистика, недвижности, трговија, дистрибуција и маркетинг.

ISO стандарди

Познати по квалитетот и сериозноста во работата, ние како компанија сме посветени на постигнување на максимални стандарди и продолжуваме да крунисаме нови успеси во насоката во која работиме. Овој интензитет на работа кај нас успеа да ги исполни сите неопходни услови за да се постигнат ISO стандардите, со цел да бидеме што поблиску и полојални кон клиентите и изведувачите. Еуровиа, врз основа на својата состојба, успеа да ги исполни сите ISO стандарди, кои претставуваат гаранција за работата и услугите кои ги нуди. Нашата компанија има работено силно за пополнување на овие стандарди, со цел да покаже сериозност на работа кон клиентите и постигнување на квалитет и европски стандарди.

Компанијата, која е лиценцирана со ISO 9001:2008 стандард, за клиентот носи сигурност и гарантиран квалитет. Еуровиа е една од лиценцираните компании со овој стандард, со кој гарантира квалитет за секој производ кој го нуди за клиентот.

ISO 18001:2007 е познат како OHSAS стандард или систем за управување со здравје и безбедност при работа. Ние како компанија сме лиценцирани со овој стандард врз основа на условите и безбедноста кои им ги нудиме на работниците за време на работа на терен.

Во текот на работата која се врши на терен, ние секогаш се грижиме за зачувување на животната средина каде работиме. ISO 14001:2004 или стандардот за животната средина покажува дека ние ги исполнуваме сите барања за зачувување на животната средина каде работиме за да не биде оштетена, или во случај на оштетување да се поправи од страна на нашата компанија.