АДЕЛ ХОЛДИНГ

АДЕЛ ХОЛДИНГ е група на компании кои што работат во различни бизнис сфери: градежништво, логистика, недвижности, трговија, дистрибуција и маркетинг.

Кариера

Еуровиа се потпира на квалификувани работници кои работат со одговорност и посветеност. Нашата работна пракса вклучува дијалог и инклузивност во процеси за донесување важни одлуки. Ние се грижиме нашите вработени да се развијат и да напредуваат со чекорите на технолошките иновации со овозможување на нивниот професионален развој паралелно со растот на компанијата.

За било какви информации или можности за соработка, ние Ве покануваме да не контактирате на: hr@eurovia.mk

Персоналот на Еуровиа се состои од 80 вработени од кои 20 се дел од техничкиот и инженерскиот персонал. Проект менаџерите и раководителите на цивилните, инженерските и техничките одели имаат неколку години искуство во и надвор од земјата и имаат развиен академски и професионален багаж. Структурата на компанијата исто така вклучува 15 вработени во административниот одел кои имаат клучни позиции во оделите за финансии, набавки, маркетинг и продажба.

Еуровиа како дел од групацијата Адел Холдинг нуди професионално практиканство со полно или скратено работно време за сите квалификувани студенти во сите професионални компании на групацијата. Професионалната пракса е вистински придонес за едукација и советување на идните специјалисти и професионалци. На овој начин вршиме една од мисиите кои ги имаме поставено за да придонесеме за заедницата. Социјалната одговорност на нашата корпорација и придонесот кон заедницата и општеството е мисија која ја сфаќаме многу сериозно.

Ние сме местото каде младите може да видат како се применува знаењето добиено за време на универзитетските студии. Можноста за професионално практиканство се нуди само на оние студенти кои покажуваат дека имаат желба и посветеност да имаат корист од искуството на персоналот на здруженијата на Еуровиа.

За време на практиканството студентите ќе имаат можност да се запознаат со сите “процеси” кои овозможуваат функционирање на бизнисот. Ова е можност за студентите да работат во проекти на Еуровиа заедно со некои од експертите во соодветните области на земјата.

По секој циклус на професионално практиканство, Еуровиа дава соодветни проценки за секој студент придружено и со препорака која би можело да и послужи за во иднина. Исто така, ние го користиме професионалното практиканство за регрутирање на нови вработени во нашето здружение. Многу од нашите вработени и се придружија на нашата групација токму од страна на професионалното практиканство, покажувајќи посветеност во исполнувањето на задачите доделени за време на професионалното практиканство.

Грижа – Ние се грижеме: Ние се однесуваме кон нашите вработени со почит, искреност и правда. Ние во голема мера ги цениме мислењата на вработените и ги вклучуваме во процесот на донесување одлуки. Преку бројните практиканства, ние се залагаме за изразување на различни ставови и препознаваме и промовираме високи перформанси. Довербата во нашите вработени, прифаќањето на мислења, заслугите и нивниот придонес ги мотивира нашите вработни и тие им помагаат на патот на напредок и успех.

Енергија за во иднина: Еуровиа е секогаш во потрага по квалификувани луѓе за да бидат дел од тимот кој ќе работи на идни проекти. За да учествуваат во проекти кои ќе ја обликуваат иднината, Еуровиа бара енергични луѓе кои знаат да се прилагодат со најголемата група во Албанија.

Работа и семејство: За Еуровиа семејството е многу важно. Нашите вработени имаат можност за наоѓање балансиран однос меѓу работата и приватниот живот.

Преставници на вработените: Еуровиа е многу внимателна во врска со она што го мислат вработените. Затоа се одржуваат редовни средби со преставниците на вработените, односно синдикатите. Исто така, нашите вработени може слободно да се изразат за напредокот на работата, и за било какви грижи оделот за човечки ресурси им нуди оптимално решение.

Обуки– Обуките и професионалниот развој на нашите вработени е во фокус на оделот за управување со човечки ресурси. Еуровиа во текот на годината реализира различни обуки со цел постојано инвестирање во професионалниот развој. Исто така, оделот за информатика нуди пакети за обука во врска со употребата на информатички системи и софтверски апликации.

Напредок– Инвестирањето во професионалниот развој на вработените овозможи нивниот напредок да биде континуирана пракса на здруженијата на Еуровиа. Како вработен на Еуровиа, вие ќе имате можност да напредувате во кариера и да се развиете професионално, со обезбедување на постојан придонес за развој на групацијата.

Ваш партнер

Еуровиа претставува сигурен и одлучен партнер во пазарите каде врши дејност. Таа нуди големо искуство и активност во најголемиот дел на економијата, преку соодветна експертиза, квалификувани човечки ресурси и силни финансиски средства. Со своите инвестиции, консултантски услуги и партнеритети, Еуровиа е таму за да ве подржува.

позиции кои се бараат

Назив на работно место Локација Оддел Датум
Градежен работник Желино Градежништво May 24, 2017
Сметководител Желино Финанции March 20, 2017
ИТ Менаџер Желино Администрација March 20, 2017
Менаџер на човечки ресурси Желино Администрација March 18, 2017
Архитект Желино Градење March 18, 2017

Аплицирајте

Аплицирајте во секое време, без оглед на тоа дали се отворени огласи или не, и бидете дел од компанијата Еуровиа, за да го шириме заедничкото искуство и да градиме иднина врз сигурни основи.

Дали сте во потрага по најдобриот изведувач на вашиот градежен проект?