АДЕЛ ХОЛДИНГ

АДЕЛ ХОЛДИНГ е група на компании кои што работат во различни бизнис сфери: градежништво, логистика, недвижности, трговија, дистрибуција и маркетинг.

Започнуваме со продуктивна есен

Во пресрет на есента, започнуваме со 4 нови градежни проекти, вклучувајќи Производен погон од 17 000 м2 во Бунарџик и Фекална и атмосферска канализациона мрежа од 14 км во Општина Гостивар.

Изградба на фекална канализација во селата Горно Бањице, Чајле и Чегране. Рамковен договор вреден 123 мил. денари.

Изградба на фекална канализација во селата Горно Бањице, Чајле и Чегране – дел од Рамковниот договор Еуровиа и Јавно комунално претпријатие Комуналец – Гостивар.

Еуровиа потпиша рамковен договор со ЈКП Комуналец за реализација на проектот за изградба на канализација во селата на Општина Гостивар.

Вкупната вредност на Рамковниот договор изнесува 123 милиони денари.

Проектот предвидува изградба на 14 км Фекална канализација, а реализацијата треба да заврши до есен 2020 година.

Договорот се склучи со Одлука од објавен Јавен Оглас за набавка како носител ЈКП Комуналец поддржани од Општина Гостивар како заедничка инвестиција.

Изградба на производна хала во Бунарџик

Американската компанија AIM PROPERTY за Dura Automotive System гради фабрика за автомобилската индустрија, поконкретно за производство на  автомобилски делови.

Фабриката ќе биде изградена во Трговска Индустриска Развојна Зона  Скопје 2 – Бунарџик. Проектот започна во Август 2018 година и треба да заврши за експресно време до Март 2019 год. Објектот има површина од 17 000,00 м2 и Еуровиа е задолжена за изградба на фаза карабина.

Еуровиа ги гради новите капацитети за фабриката за производство Монико Дооел во нас. Визбегово

Еуровиа потпиша Договор за градење со МОНИКО ДООЕЛ за изградба на нивниот нов производен погон за самолепливи етикети од 4872 м2 во Индустриската зона Визбегово.

Договорот ги вклучува сите фази на изградба од карабина – тврда градба до внатрешни и надворешни инсталации. Проектот како проект Клуч на рака треба да се заврши за 145 дена.

Продолжува соработката со МАРАИ ДООЕЛ

Еден од проектите од 2018-2019 година што треба да го реализира Евровиа е станбениот објект во Скопје, на инвеститорот МАРАИ ДООЕЛ. Овој станбен објект е третиот објект по ред од успешната соработка помеѓу Еуровиа и МАРАИ ДООЕЛ.

Зградата се реализира со површина од 5800 м2 вклучувајќи приземје и 6 спрата корисна површина. Времето за реализација на проектот е 108 дена за фаза карабина. Становите се предвидени за семејно домување.

Сите заинтересирани страни за купување на станови, може да не контактират на +389 2 3246 970.